Роде: Германско-францускиот план не предвидува Република Српска на Косово

Германско-францускиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина не предвидува никаква „Република Српска на Косово“, тврди германскиот амбасадор во Приштина Јорн Роде во интервју за Радио Косово. Роде истакна дека
Германија е задоволна од позитивните резултати од дијалогот, кои беа постигнати на средбата во Брисел и нагласи дека се очекува одлучувачки напредок од Косово и Србија во следните десет дена, за да се разјасни механизмот за спроведување на договорот.

На прашањето дали европскиот план ќе ги реши проблемите меѓу Косово и Србија, Роде рече дека тие јасно ставиле до знаење дека ова е само чекор на патот кон целосна и сеопфатна нормализација.

Суштината на овој план е, така да се каже, возот да се стави на шини и ако се спроведе договорот, тогаш сме се приближиле до целта, бидејќи тоа е де факто признавање на Косово од Србија, тврди Роде.

Германскиот амбасадор очекува дека двете страни ќе се држат до она што го ветија во Брисел.Тој тврди дека има временска рамка за спроведување на договорот.

Се надеваме дека до крајот на месецот ќе има обединување на ставовите за да се потпише договорот. Значи, постои временски притисок да се постигне ова, бидејќи имаме геополитичка ситуација со војна во Европа, чие влијание врз политичкиот и економскиот план се чувствува во секоја земја. Затоа, бараме локалните политички лидери да бидат одговорни за оваа ситуација и да постигнат компромис за доброто на нивните земји и за доброто на нивното население, рече Роде во интервјуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот