Рочиштето за „Титаник“ одложено за 12 ноември, двајца од обвинетите имаат здравствени пречки

Кривичен суд/Фото: Драган Митрески

Следното рочиште по предметот „Титаник” закажано за утре, се одлага за 12 ноември, поради здравствени пречки на двајца од обвинетите, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18, од обвинителството означен како „Титаник” ја информираме јавноста дека расправата насочена за 05.11.2020 година се одлага заради здравствени пречки на двајца од обвинетите, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Во случајот „Титаник” освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот