фото: РК Алкалоид

РК Вардар 1961 е во финалето на Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија откако на пенали (4:3) го победија Алкалоид.

Во таа пенал серија голманот на РК Вардар 1961 Мигуел Еспиње одбрани два удари на играчите на Алкалоид.

Во регуларните 60 минута резултатот на семафорот на завршниот турнир во Охрид беше 28:28.

Кај стрелците во победничките редови најефикасен беше Вуко Борозан со седум голови, а голманот Еспиња запиша 12 одбрани.

На спротивната страна прв стрелец беше Мартин Серафимов со девет погодоци, а голманот Галевски забележа 16 одбрани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот