фото: РК Алкалоид

РК Алкалоид ги промовираше новите четири засилувања: Митев, Савревски, Петров и Џонов

Ракометниот клуб Алкалоид го комплетираше својот играчки кадар за претстојниот дел од сезоната со четворица нови ракометари.

Нови играчи на суперлигашот се левиот бек Иван Џонов, десниот бек Давид Савревски, пикерот Костадин Петров и младиот среден бек Дамјан Митев.

Со овие четворица играчи стручниот штаб предводен од тренерот Кирил Лазаров ќе добие повеќе опции за игра и тимот ќе стане поконкурентен во плејоф-натпреварувањето од Суперлигата, во кое ќе играат најдобрите осум екипи во Македонија.

Својот прв натпревар РК Алкалоид од плеј-оф продолжението на сезоната ќе го има во Кавадарци против ГРК Тиквеш.

Играчите на Лазаров имаа подготовки во Србија каде одиграа и пријателски мечеви, триумфираа над Динамо Панчево (25:22), РК Лавови (36:13), РК Црвенка (34:23) и РК УБ (35:27).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот