
Резил на Шкупи: За да се заштедат пари, екипата од Гибралтар се враќала два дена, а фудбалерите спиеле во Мекдоналдс
Македонскиот шампион Шкупи кој утревечер (21 часот) ќе го игра првиот натпревар во второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите против Динамо Загреб, се најде на удар, поточно на сеир на хрватските медиуми поради аматеризмот и обидот да се заштеди.
Препорачано
Имено, фудбалерите имале 48-часовна одисеја од Гибралтар до Скопје по реванш натпреварот од првото коло против Линколн и тоа поради одлуката на управата на клубот да заштеди на враќањето поради што фудбалерите дремеле на плажа, а спиеле во Мекдоналдс.
Веднаш по поразот од 2:0 во кој едвај се спасија од елиминација (3:0 во првиот натпревар во Скопје), од Гибралтар патувале за Малага каде наместо во хотел, фудбалерите поминале осум часа додека го чекале летот за Виена.
Весникот „Јутарњи Лист“ пишува дека кога експедицијата пристигнала во Виена, фудбалерите дури десет часа поминале во Мекдоналдс каде и спиеле, а доказ за тоа се видео снимката што се појави на социјалните мрежи.
На неа се гледа како фудбалерите на македонскиот шампион спијат на столчиња во Мекдоналдс и тоа поради одлуката на управата да не им плати сместување и одмор во хотел.
Од Виена, фудбалерите летале до Белград по што со автобус се вратиле во Скопје и тоа само поради желбата на управата да заштеди пари иако со пласманот во второто квалификациско коло за пласман во ЛШ обезбедија 1,3 милион евра од УЕФА.
Хрватскиот весник пишува дека тренерот Гоце Седлоски кој е поранешен играч и капитен на Динамо Загреб, и неговите играчи на пат минале два дена.