Ревизорски извештај: Во случај на елементарна непогода УЈП нема резервна локација за работа

фото: Слободен печат

Недоволен број на вработени информатичари, застарен информатички систем, немање на резервна локација за непречено продолжување со работа доколку се случи некоја катастрофа или елементарна непогода, се само дел од забелешките на ревизизорите за работењето на Управата за јавни приходи.

– И покрај тоа што во интеграцијата на информацискиот систем се вложуваат финансиски средства, ИС на УЈП не го задоволува во целост дигиталното одвивање на деловните процеси во УЈП што е потенцирано и во стратегијата за развој на УЈП подготвени во период 2022 – 2024, каде е наведено: „Постоечката организација на ИТ системот налага остварување на оперативни активности и на ниво на Генералната дирекција, со што и го одзема капацитетот за стратешки активности, постои неповрзаност и нецелосност на даночните евиденции, ИТ системот е застарен, не е целосно поврзан и не ги поддржува сите деловни процеси и извештајни потреби – одредени анализи се работат рачно. Исто така ИТ системот има лимитиран капацитет и потешкотии за усогласување при промени на законите, а УЈП има недостаток и одлив на ИТ вработени- стои во Ревизорскиот извештај.

Од страна на ревизијата, направена е анализата на пополнетост со ИТ вработени во УЈП.

Согласно Годишниот план за вработување за 2022 година предвидени се 8 нови вработувања и 8 унапредувања на постојните ИТ вработени.

-До моментот на вршење на ревизијата, сеуште нема зголемување на бројот на ИТ вработени, туку напротив овој број се намалува поради пензионирање на вработените како и поради заминување на искусни ИТ лица. Така во периодот од 28.02.2022 до 13.09.2022 година, од УЈП си заминале две ИТ лица.

-Намалување на бројот на ИТ вработени во УЈП е последица на недостатокот на политика за задржување, наспроти реалноста на побарувачката во приватниот сектор. Оваа состојба може да предизвика уште поголема оптовареност на ИТ вработените, неможност да се одговори на планираните активности за нормално функционирање на ИС на УЈП, а со тоа и зголемување на ризикот УЈП да не може да одговори на барањата на Владата на Република Северна Македонија, МФ и институциите во Република Северна Македонија за реализација предвидените активности- стои во Извештајот.

Ревизијата утврдила дека постојат активни кориснички профили во системот за корисници кои веќе си заминале од УЈП пред повеќе од три месеци. Констатирани се лица кои се распределени на други работни места, а старите овластувања сеуште не им се одземени- велат ревзизорите.

Со цел обезбедување на минимални услови за продолжување на активностите во случај на катастрофа, без разлика дали истата е предизвикана од фактор природа или човечки фактор, УЈП треба да има резервна локација со минимална ИТ опрема,18 лиценци, копии од бекап и копии од планови за опоравување од катастрофи.

Во текот на ревизијата, УЈП достави допис до МВР, со кој се бара согласност од МВР за вклучување на заштита на базите на податоци на УЈП за јавни приходи во рамките на Центарот за опоравување од катастрофи во рамките на проектот кофинансиран од ИПА 2013 година.

На ревизијата не и беа презентирани други документи за преземени активности за обезбедување на простор и опрема за резервна локација за ИС на УЈП. Управата за јавни приходи до издавање на ревизорскиот извештај нема обезбедено резервна локација со минимални просторни и технички предуслови- стои во Ревизроскиот извештај.

Според ревзиијата УЈП има набавено 1.070 лиценци, 20 за заштита од компјутерски вируси со важност до 08.01.2023. Фактот што дел од овие лиценци се инсталирани на серверите во УЈП, како и на 1.228 персонални компјутери, укажува на недостаток од над 150 лиценци за антивирусна заштита. Покрај ова, за голем дел од компјутерите кои се со постар оперативен систем, набавените лиценци, односно апликацијата за заштита од вируси, не може да бидат надградени со најновата верзија на апликацијата од причина што истата не го поддржува овој оперативен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот