РЕПРИЗА НА НАСТАНИТЕ ОД КАПИТОЛ ХИЛ? Екстремистите на Трамп планираат нови напади, а експертите стравуваат од овој датум

Упадот во Капитол хил кој за последица имаше и пет жртви би можел да се повтори, предупредуваат експертите.

„Трамп на 20 јануари ќе биде инаугуиран по втор пат! Не смееме да дозволиме да победат комунистите. Дури и ако мораме да го запалиме Вашингтон“, напишала поддржувачка на Доналд Трамп на онлајн форумот „thedonald.win“ во средата, на денот на упадот во Конгресот.

Експертите се убедени дека тоа било само почеток и дека насилството ќе ескалира најдоцна до 20 јануари, кога Џо Бајден треба да ја положи заклетвата како 46-тиот претседател на САД.

Многумина предупредуваат преку Твитер дека некои корисници од наведениот форум планираат напади на Капитол хил и градовите ширум земјата.

Џон Скот-Рејлтон, истражувач за „Ситизен лаб“ Универзтитетот во Торонто, за Си-Ен-Ен изјавил дека е „многу загрижен“ заради инаугурацијата на 20 јануари. Иако Трамп апелираше поддржувачите да одат дома и да бидат мирни, во исто време ги опиша како исклучително луѓе и повтори дека изборите се украдени.

Неговите поддржувачи се убедени дека тоа е вистина и ќе се погрижат Трамп да остане на власт, според расположението што преовладува на нивните портали.

Џени Кад, бивша кандидатка за градоначалничка од Мидленд, во Тексас, е една од поддржувачите на Трамп која повика на насилство.

– Ако е потребна револуција, тогаш така и нека биде. Се што ни треба е јавно бесење, а потоа луѓето ќе почнат да го прават правилното, изјавила таа и додала дека е горда на тоа што се случило во Капитол и дека едвај чека да се повтори.

Кога тоа ќе се случи таа не навела, но како што пренесува Си-Ен-Ен, анализата за ризик на Компанијата за безбедност Г4С покажува дека „актуелната реторика“ на форумите на поддржувачите на Трамп наведуваат на заклучок дека „меѓу шести јануари и денот на инаугурација ќе има корисници кои имаат намера да применат сила, вклучувајќи и наоружана милиција“.

На социјалната мрежа „Парлер“, која често ја користат поддржувачите на Трамп, луѓето во повеќе наврати споменувале војна, на пример: „Војната почнува денеска“, открива анализата за ризик, а на сајтот „thedonald.win“ еден поддржувач на Трамп напишал: „Патриотите кои во овој момент од страв се подготвени и понатаму да трпат насилство се составен дел од проблемот.

Инаугурацијата на Бајден настан од висок ризик?

Мерките за безбедност за тој ден се одамна во тек, тврдат американските разузнавачки служби.

„Инаугурацијата на претседателот на САД е еден од основните елементи на кои се заснова нашата демократија. Безбедноста на присутните за време на 59-тата инаугурација на претседателот е од најголемо значење“, се наведува во соопштението.

Рајан Мекарти, воен секретар на САД, моментално размислува дали припадниците на националната гарда ќе бидат наоружани со смртоносни или не-смртоносни оружја.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот