Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533

Бројот на новинари во затвори годинава е 533, се наведува во годишниот извештај на невладината организација „Репортери без граници”. За споредба, лани бројот на новинари кои завршија во затвор беше 488.

Зголемен е и бројот на убиени новинари. Годинава се 57, лани беа 48, а во 2020 година – 50.

Повеќе од половина од случаите на новинари во затвор оваа година (податоци од 1 декември) се во 5 земји: Кина (110 случаи), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31).

Во извештајот се истакнува дека иранските власти затвориле голем број новинари во последните 20 години, откако Исламската Република беше зафатена од масовни протести кои започнаа во септември.

Во извештајот на невладината организација се наведува дека годинава биле затворени 78 новинарки. За споредба, лани таа цифра била 60.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот