„Тоска“ е реалистична опера во три чина

Ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини е на програмата на 52. „Мајски оперски вечери“

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини.

Станува збор за музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.

Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска Илкова, водечки драмски оперски сопран со совршена вокална динамичност и беспрекорна интонација. Остварила безброј оперски и концертни настапи, добитничка е на највисоките државни награди и признанија.

Во улогата на сликарот Каварадоси ќе настапи тенорот Никола Китановски, еден од најафирмираните оперски уметници од просторот на поранешна Југославија, кој со огромен успех, веќе триесет и пет години остварува меѓународна професионална уметничка кариера.

Во улогата на „злобниот Скарпија“ ќе настапи гостинот од Романија, Лусијан Петреан, во улогата на Анџелоти ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски, чест гостин на светските оперски сцени.

Во останатите улоги ќе настапат Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!