РЕК Битола: Ремонтирн Блок 3, се гаси Блок 1

Од РЕК Битола ја известуваат јавноста дека успешно ги завршија ремонтните активности на Блок 3 во рамките на кои се извршени сите планирани зафати. Во текот на денот започнуваат пуштачките операции, по што Блок 3 ќе биде ставен функција и синхронизиран со електро – енергетскиот систем на земјата.

Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на кого ќе бидат извршени сервисно – санациони зафати за подобрување на производствените перформанси.

РЕК Битола ќе го продолжи производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ и Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот