Редици автомобили на Евзони, стотици туристи чекаат за влез во Грција

Граничен премин Еврзони/фото:„Слободен печат“

Редици од автомобили денеска чекаат за влез во соседна Грција на граничниот премин Евзони. Продолжениот викенд многумина решија да го искористат за прошетка до Солун во приморски, зимски и новогодишен амбиент, но за да уживаат во тоа, најпрвин мора да чекаат со часови на грчката граница.

Наши читатели кои ни ги испратија фотографиите ни рекоа дека македонската граница ја поминале со задржување од само неколку минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот