Фото: Freepik

Рецепт за слатки ѓевреци со цимет и чоколадо: Совршено одат со кафе, а децата ги обожаваат

Ѓеврекот се приготвува многу лесно, а кога ќе додадете цимет, ќе добиете неверојатна рапсодија на вкусови.

Циметот не само што е вкусен, туку е и богат со фенол, моќен антиоксидант, кој е познат по тоа што го штити организмот од инфекции. Има силно противвоспалително и антигабично дејство. Поради полифенолот што го содржи, позитивно влијае врз намалувањето на шеќерот во крвта. Содржи калциум, магнезиум, фосфор, калиум и витамин А.

Па така, овие слатки ѓевреци со цимет се токму тоа што ви треба за среќен ден.

Состојки:

– 1/4 лажиче мелен цимет

– 1 лажица шеќер

– 140 г универзално брашно

– 2 лажички прашок за печиво

– 3/4 лажиче сол

– 240 г грчки јогурт

– 1 голема белка или цело јајце, изматено

– 1 лажица чоколадни трошки

Подготовка:

Најпрво, во помал сад измешајте цимет и шеќер и тргнете го настрана. Потоа, загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови. Обложете плех со хартија за печење. Во сад со средна големина измешајте брашно, прашок за печиво и сол, и добро промешајте.

Додајте јогурт и мешајте со виљушка или шпатула додека се соедини смесата – ќе изгледа како ситни трошки. Посипете брашно на работна површина и извадете го тестото од садот. Размесете го неколкупати, со околу 15 движења (не би требало да ви останува тесто на раката кога ќе го одвојувате), па поделете го на 4 еднакви топки.

Повторно посипете брашно на работна површина, па расукајте го секое топче во ролна со дебелина од 1,2 см и должина од околу 18 см. Притиснете ја ролната, премачкајте ја со јајце, посипете ја секоја со 1/2 лажиче мешавина од цимет и шеќер и одозгора ставете нешто помалку од 1 лажиче чоколадни трошки.

Внимателно притиснете ги чоколадните парчиња во тестото, потоа спојте ги надворешните страни на ролната нагоре и преклопете преку филот. Спојте ги краевите за да формирате ѓевреци. Премачкајте ги врвовите на секој ѓеврек со прелив од јајца и посипете ја преостанатата мешавина од цимет и шеќер.

Печете ги на горната решетка во рерна, 25-28 минути, и превртете ги на половина од печењето. Оставете ги да се изладат најмалку 15 минути пред да ги пресечете.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот