Рецепт за посен, превкусен специјалитет: Пита со праз и ориз

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Почна божиќниот пост што трае 40 дена, а секојдневната подготовка на оброци знае да биде вистински предизвик, бидејќи се дозволени исклучиво посни намирници.

Едно од омилените јадење на македонската трпеза се домашно приготвените пити и печива, кои вообичаено се филувани со млечни или месни производи. Доколку сте љубители на пита, а притоа постите, во оваа вкусна пита со ориз и праз ќе уживате заедно со целото семејство.

Состојки:

– 500 г кори за пита
– 3 стебленца праз (само белиот дел)
– 100 г ориз
– 200 мл вода
– половина лажичка црвен пипер
– босилек (по вкус)
– сечкан магдонос (по вкус)
– сол и црн пипер (по вкус)

За премачкување:

– 80 мл вода
– 80 мл масло

Подготовка:

Ставете водата да зоврие, додајте го оризот и варете вообичаено. Покријте и тргнете го од рингла, оставете го настрана. За тоа време, ситно исечкајте го празот и ставете го да се динста.

По неколку минути додајте го оризот и посолете, убаво измешајте и продолжете да динстате уште неколку минути. Потоа, ставете црн пипер, црвен пипер и останати зачини по вкус и желба. Убаво измешајте и тргнете го тавчето од оган.

Одвојте ги корите една од друга. Во лонче измешајте ја водата и маслото за премачкување. Едната кора ставете ја на работната површина. Со лажица ставете од мешавината за премачкување и намачкајте што поголем дел од површината. Свиткајте ја кората по должина, потоа повторно премачкајте ја. Нанесете 2 лажици од филот од оризот и праз, ставете го на средината на кората. Свиткајте ја кората како полжав.

Редете ги корите една до друга во подмачкан плех. Горната површина премачкајте ја со смесата за премачкување. Печете во рерна околу 40 минути на 200 степени.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот