Реал Мадрид има „10 од 10“ во Евролигата, „кралско“ славје во Белград против Макаби

Момент од натпреварот Макаби Тел Авив - Реал Мадрид во Белград, Србија/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Реал Мадрид триумфираа против Макаби Тел Авив со 99:70, во одложениот натпревар од шестото коло во Евролигата кој се одигра во Белград.

Актуелниот шампион во Евролигата и натаму е единствениот непоразен тим и е прв на табелата со сите 10 победи, додека Макаби има биланс од пет победи и исто толку порази.

Најефикасен во победничкиот тим беше Валтер Тавареш со 19 поени, Марио Хезоња додаде 16, Џенан Муса 15, додека Факундо Кампацо мечот го заврши со 11 поени.

Во редовите на израелскиот тим најдобри беа Лоренцо Браун со 16 и Џош Ниебо со 14 постигнати поени.

Во следното, 11 коло од Евролигата, Реал Мадрид му гостува на Фенербахче, додека Макаби ја пречекува Алба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот