Реакции на социјалните мрежи: Во новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ избришано „Република Македонија”

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На социјалните мрежи се појавија објави во кои се посочува дека од новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ, усвоен на последната седница на Централниот комитет на партијата одржана на 21 јули, е избришано името „Република Македонија”.

– „Членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, ова ли е тој најнапреден статут? Го избришавте ли „Република Македонија” од статутот на партијата??? ЗОШТО????”, „Премногу дволичност во Белата палата”, „ВМРО-ДПМНЕ наликува на крем партија веќе нема патриотизам”, се само некои од реакциите на социјалните мрежи.

Објавени се и фотографии од делови од стариот и новиот Статут на ВМРО-ДПМНЕ кои се посочуваат како доказ дека е избришано „Република Македонија”.

Инаку, во новиот Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, името „Македонија” се споменува само во Член 72: „Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ е тело на партијата кое ја застапува и брани идејата за самобитноста на македонскиот народ и неговото право на самопределување и државност, укажува на потребата од почит кон борците во сите националноослободителни војни за Македонија, негување и заштита на македонското историско и културно наследство, како дел од европската историја, култура и цивилизација”.

Како што информираше претседателот на Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски по седницата на партискиот ЦК одржана во вторникот, Централниот комитет донел одлука за измени на Статутот кои, како што посочи, се во насока на поголема демократизација на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот