Реакција на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема понуда за граѓаните и затоа штанца лаги

СДСМ реагира на денешните изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, со ставот дека тие шират лажни вести.

ВМРО-ДПМНЕ нема понуда за граѓаните, Николовски штанца лаги затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот. Познатиот извор на лажни вести и невистини, Александар Николовски штанца лаги и сее магла затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски. Граѓаните гледаат кулминација на нервозата коишто ја манифестираат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ додека нивната кандидатка никаде ја нема. Тие немаат понуда пред граѓаните ниту план за иднината, немаат што да им кажат на граѓаните. А немаат ниту поддршка од граѓаните на празните митинзи. Затоа се нервозни и се обидуваат да ја сменат темата. СДСМ нема да се занимава со нивните лаги. СДСМ, Ковачевски, Пендаровски имаат јасен план и визија за европска иднина и тоа го претставуваме пред граѓаните, велат од Центарот за комуникации на СДСМ во својата реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот