Разрешени функционери на Комунистичката партија во Хубеи и Вухан

Овие се нови во низата отпуштања на високи функционери, откако претходно неделава беа сменети двајца функционери на локалната здравствена комисија.

Кинеската комунистичка партија ги разреши своите највисоки функционери за покраината Хубеи и нејзиниот главен град Вухан, епицентарот на епидемијата на Ковид-19, објави денеска кинеската официјална новинска агенција Синхуа.

Во извештајот се наведува дека функцијата генерален секретар на Комитетот на партијата за Хубеи ја презел градоначалникот на Шангај Јинг Јонг, додека на тоа место во Вухан ќе дојде Ванг Жонглин.

Овие се нови во низата отпуштања на високи функционери, откако претходно неделава беа сменети двајца функционери на локалната здравствена комисија.

Државните медиуми во Кина наведуваат дека поради грешки при постапување во епидемијата на новиот вирус, се очекува голем број функционери да бидат исклучени од Комунистичката партија по бројните критики на јавноста на сметка на локалните власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот