Разбиена најголемата платформа за трговија на даркнет

Хакери/ Фото: ЕПА

Најголемата руска платформа за продажба на „даркнет“ (интернет пазар на нелегални предмети и услуги во светот) „Хидра маркет“ синоќа е затворена од страна на германсните власти во координација со САД.

При специјалната операција како што пренесуваат медиумите биле запленети биткоини во вредност од 23 милиони евра и целата серверската инфраструктура од платформата која што била поставена во Германија.

– Запленети се серверите на најголемиот светски „даркнет“ пазар и 543 биткоини во вкупна вредност од околу 23 милиони евра, се вели во соопштението на Државното обвинителство на Франкфурт и Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА).

Инспекторите се сомневаат дека платформата „Хидра маркет“, која има околу 17 милиони корисници, била користена за криминални сајбер активности и перење пари, со повеќе од 19.000 продажни сметки. Само во 2020 година, најмалку 1,23 милијарди евра биле генерирани преку платформата „Хидра маркет“, што го прави „нелегален пазар во светот со најголем промет“

Американските медиуми пренесуваат дека „Хидра маркет“ веб-страницата на руски јазик достапна преку мрежата Тор низ годините успеала да ги привлече  „сајбер-криминалците“ од највисок профил во светот, вклучително и групата на хакери, „Дарк-сајд“ одговорна за упадот во софтверот на неколку институции во САД.

– Заедно со нашите германски партнери, ја зазедовме инфраструктурата на најголемиот светски нелегален црн интернет пазар „даркнет“, но нашата работа е далеку од завршена – се вели во соопштението на јавниот обвинител од САД, Мерик Гарланд.

Според обвинителите, платформата била активна најмалку од 2015 година. Освен нелегална трговија со дрога на интернет, на неа биле разменувани фалсификувани документи, сензитивни податоци и други дигитални не легални услуги. Како што објавиле германските истражни органи на платформата имало околу 17 милиони регистрирани сметки на клиенти од повеќе држави низ светот. Затворањето на платформата е резултат на истрагите што биле водени и спроведувани уште од август минатата година, а во нив учествувале и американските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот