Фото: Vitya maly / GoodFon

Овој цвет внесете го дома за Велигден: Се верува дека со него ќе внесете богатство и среќа 

Речиси и да нема куќа во Македонија која во својот двор порано немала дрво јоргован. Нежниот и смирувачки мирис на оваа рајска билка, е само една од причините зошто тоа дрво е толку популарно на овие простори.

Многумина ќе се израдуваат кога ќе дознаат дека јоргованот е многу издржливо растение, иако делува нежно и елегантно.

Не е потребна посебна нега за него и мошне лесно успева, а покрај препознатливиот син, односно виолетов цвет, постојат и нежни розови, како и бели јорговани кои се еднакво убави и ароматични.

Јоргованот е цветот кој се внесува во домот за Велигден.

Фото: Rawpixel

Легенда за јоргованот

Постојат интересни христијански легенди за тоа како јоргованот настанал, односно како го добил својот препознатлив цвет и опоен мирис.

Кога го распнале Исус Христос, Богородица тажна и очајна талкала, не знаејќи каде оди.

Седнала да се одмори пред едно дрво преполно со лисја и така заспала. Тогаш од дрвото полека почнале да паѓаат лисја и нежно ја покривале.

Кога Богородица се разбудила ѝ било топло. Ги видела лисјата на себе, а кога го погледната дрвото, тоа целосно било голо. Тогаш го благословила со следните зборови: „Биди благословено и мирисливо засекогаш“. Во тој момент, дрвото повторно процветало.

Фото: PickPik

Потекло на јоргованот

Јоргованот го заслужил местото меѓу омилените цвеќиња поради едноставноста и пријатниот мирис. Дали знаевте, на пример, дека јоргованот потекнува од Југоисточна Европа, односно од Балканот каде што расте во планините на Македонија, Бугарија, Хрватска, Грција, Романија. Турците со векови го одгледувале овој вид, кој пристигнал во Виена и Париз околу 1500 година, Французите оттогаш развија толку многу варијанти на јоргованот што обичниот јоргован често се нарекува француски хибрид или едноставно француски јоргован. Конечно, овие европски примероци отпатуваа во Новиот свет, а грмушките од јоргован ги украсија градините на американските претседатели Џорџ Вашингтон и Томас Џеферсон (кој исто така му посвети дел од својата книга за градинарството).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот