Распишан конкурс за прием на полицајци од „малцинствата” во северниот дел на Косово

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Косовската полиција денеска објави конкурс за регрутирање полицајци од „малцинствата” во четири општини во северниот дел од Косово.

Како што соопштија од полицијата, заинтересираните кандидати можат да се пријават од 5 до 26 јануари, објави косовскиот весник „Коха”.

На конкурсот можат да се пријават сите „припадници на малцинствата” во Косово.

Србите од северот на Косово на почетокот на ноември ги напуштија косовските служби, вклучително и полицијата поради одлуката за регистерските таблички и Заедницата на српски општини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот