Раперот Раста останува во притвор уште 30 дена: Погледнете колку години може да лежи во затвор!

Instagram
Instagram
Судот во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на популарниот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста, кој на почетокот на октомври беше уапсен со сканк и кокаин. Притворот бил продолжен поради лични околности, кои укажувале дека за кратко време може да го повтори делото. Против Раста, судот во Белград води истрага за соменевање дека извршил кривично дело – недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги.
За ова кривично дело е предвидена казна од три до 12 години затвор. Ѓуриќ на сослушувањето во обвинителството по апсењето се бранел дека сканкот го користел за сопствена употреба,  меѓутоа обвинителството не му поверувало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот