Рама: Решавањето на српско-косовското прашање може да дојде само со целосно признавање на Косово

Еди Рама / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Новиот план за развој на регионот преку Берлинскиот процес и неодамнашната изјава на канцеларот Олаф Шолц дека Албанија е најблиску да заврши со пристапниот процес, укажуваат на попродлабочено партнерство и подлабок дијалог како меѓу земјите во регионот така и со ЕУ, изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

„Ние сме во целосно нова фаза со ЕУ. Нешта како Отворен Балкан и Берлинскиот процес не можеа ни да се замислат пред десет и повеќе години, беа утопија. Реалноста сега е дека ЕУ и нашиот регион одат во продлабочено партнерство и во подлабок дијалог, но и поголема заемна почит“, рече Рама денеска во дискусија организрана од Алантскиот совет во Вашингтон.

Берлинскиот процес е инструмент и треба работи паралелно со Отворен Балкан, додаде тој. Процесот што почна во 2014 година е соработка на високо ниво меѓу Албанија, Србија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина со повеќе членки на ЕУ како Австрија, Бугарија, Хрватска и Германија. На самитот во Тирана се истакна стратешката важност на регионалната сорботка во контекст геополитичките поместувања во светот.

-Берлинскиот процес и новиот план за равој нѝ даваат нова енергија за никогаш да не се откажеме од ЕУ, рече Рама и посочи дека ЕУ е притисната од руската агресија во Украина за да се изврши побрза интеграција на регионот.

„Албанија го почна претпристапниот прцес, преговорите течат, во извештајот за прогресот се истакнате точките врз кои треба да се работи, главната работа за нас е да ги извршиме правилно задачите, но одлуката не е до нас“, изјави тој, туку до сите 27 земји членки.

Рама ја истакна неодамнашната изјава на канцеларот Олаф Шолц дека Албанија е најблиску да го заврши пристапниот процес со ЕУ.

Новиот предлог за признавање на Заедницата на српски општини во северно Косово содржи и точки предложени од неговата администрација. Рама укажа дека не знае дали ќе бидат прифатени.

-Не сум запознаат со деталите, но тоа што сум сигурен е дека ако косовските власти се држат за таков договор изразен од премиерот Курти во Брисел, ова може да биде голем исчекор напред во полза на Косово и на регионот, рече Рама.

Тој смета дека решавањето на српско-косовското прашање може да дојде само со целосно признавање на Косово и практично со конечен мировен договор. Трагичните настани неодамна во Северно Косово беа аларм за потенцијалот на ова нерешено прашање по мирот и стабилноста во регионот.

„Одговорните кои беа вклучени во овој криминал не само што направија терор во северно Косово, туку и во Белград,кој, сепак, не го осуди, туку прогласи ден на жалост за овие криминалци“, изјави Рама.

Тој кажа дека не се предава на екскалација и конфронтација, туку побара да „двојно и тројно да се зголемат напорите за нормализација и мир“.

-Охрабрувам промени во пристапот на косовските власти со прифаќање на заедницата на општини со српско мнозинство. Гледам дека лидерите на Косово покажуваат воља да се оди напред, додаде Рама.

Во поширокиот контекст со руската агресија во Украина и со војната меѓу Израел и Хамас, „импликаците по регионот может да бидат страшни ако не се фокусораме и не работиме деноноќно овој конфликт да се задржи надвор од границите на нашиот регион“.

Албанија е мултиверска држава во која муслиманите и христијаните живеат во хармонија, изјави Рама, кој додаде дека е „трагичен оптимист“ за регионот и Албанија прави сѐ што може „да оставиме трага зад себе“.

-Албанија е овде, и нема да ја снема, туку со напорите на нашите луѓе таа ќе стане извонредна и земја на чудата.

Во врска со Договорот за прием на бегалци меѓу Рим и Тирана, Рама рече дека тоа ќе биде „пристаниште за добредојде на 36,000 бегалци. Но да не се прави забуна, вкупниот капацитет за сместување не е само 3.000. Значи само по толку луѓе ќе можат да бидат процесирани“.

Рече дека центарот ќе биде изграден по стандардите на ЕУ и според сите меѓународни закони и дека Албанија ја прифатила соработката со Италија наспроти „колебливоста за такви центри во другите европски земји“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот