Рама: Албанија ќе остане длабоко посветена на Берлинскиот процес

Еди Рама во Брисел, Белгија / 19 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи порача дека обновениот Берлински процес е само еден од многуте успеси на пријателите и сојузниците во Берлин.

-Обновениот Берлински процес е само еден од многуте успеси на нашите пријатели и сојузници во Берлин. Албанија ќе остане длабоко посветена на овој процес како главна платформа за соработка на високо ниво на Западен Балкан, напиша Рама на платформата Х.

Рама му се заблагодарува на германскиот канцелар Олаф Шолц за неговото лидерство, по повод Конгресот на Социјалдемократската партија што се одржува во Берлин.

– По повод Конгресот на СДП во Берлин искрено му благодарам на канцеларот Олаф Шолц за неговото лидерство, наведува тој.

Рама заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот македонски премиер Зоран Заев ја започнаа иницијативата „Отворен Балкан” за што од албанската опозиција беше жестоко критикуван,  обвинувајќи го дека како „вазал на Вучиќ” се откажува од Берлинскиот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот