
Рајан Рејнолдс призна како ѝ се додворувал на својата сопруга: Ја молев цело време да спие со мене
Актерот Рајан Рејнолдс откри како ѝ пришол на неговата сопруга Блејк Лајвли, велејќи дека нивната романса е нешто како бајка.
Препорачано
Рајан и Блејк се заедно скоро 10 години, но актерот вели дека се уште јасно се сеќава дека како ѝ се додворувал на својата сопруга.
View this post on Instagram
„Ја запознав Блејк за време на снимањето на филмот „Green Lantern“, откри Рејнолдс во подкастот „SmartLess“, каде разговараше со водителите Џејсон Бејтмен, Шон Хејс и Вил Арнет.
„Бевме пријатели и колеги, и околу година и пол подоцна отидовме на романтичен состанок со нашите партнери, во тоа време се гледавме со различни луѓе“, рече Рејнолдс.
Актерот додаде дека двајцата секогаш се дружеле пред снимање и секогаш некако одржувале контакт, но сè било опуштено.
„Следното што знам е тоа дека таа мораше да оди во Бостон, а исто така и јас. Па, да одиме заедно. Влеговме во возот и се возевме заедно“, раскажа тој. „Ја молев цело време да спие со мене“, во негов стил изјави актерот, велејќи дека тој го направил првиот чекор.
View this post on Instagram
На прашањето колку брзо преминале од врска до делот кога сфатиле дека сакаат нешто потрајно и сериозно, Рејнолдс одговори дека тоа било како „нешто од бајка“.
„Една недела подоцна реков: – Треба да купиме куќа заедно. И го направивме тоа“, рече актерот.
Рејнолдс и Лајвли се венчаа на 9 септември 2012 година во Јужна Каролина. Парот има три ќерки Џејмс, Инез и Бети.