Фото: EPA/NINA PROMMER/EPA-EFE/JUSTIN LANE

Рајан Рејнолдс: Балдони е предатор, ја малтретираше мојата сопруга на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“

Актерот Рајан Рејнолдс јавно застана во одбрана на својата сопруга Блејк Лајвли и го исмеја Џастин Балдони во острата тужба поднесена пред судот во Њујорк за, како што рече, „вулгарни навреди“ и „повредени чувства“.

Тој го нарече Балдони предатор и побара негово исклучување од судцкиот процес. Рејнолдс тврди дека Балдони ја вознемирувал неговата сопруга на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“, што на крајот доведе до меѓусебни тужби за клевета.

Во извештајот од дури 38 страници, Рејнолдс е опишан како „сопруг кој пружа поддршка и кој од прва рака сведочел за уништувањето на неговата сопруга, како емоционално така и финансиски, што придонело за уништување и на нејзината репутација во јавноста“.

Тој го обвини Балдони дека се обидел да го засрами бидејќи „тој е тип на маж кој е доволно самоуверен да ја слуша својата сопруга и да стои покрај неа“.

Рејнолдс истакна дека има целосно право да има лошо мислење за Балдони поради тоа што тој ѝ го направил на Блејк.

Во поднесокот се вели: „Г-дин Рејнолдс има право на првиот амандман да негува длабоко непочитување кон г. Балдони – или кој било маж за кој верува дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга“.

Оваа правна битка го претставува последниот пресврт во сложениот конфликт помеѓу Балдони, Рејнолдс и Лајвли. Блејк Лајвли беше првата што ја поднесе тужбата во декември минатата година, тврдејќи дека Балдони започнал „кампања за оцрнување“ против неа поради тензиите на сетот на „Ова завршува со нас“ и дека сексуално ја вознемирувал.

Балдони (41) возврати со противтужба за клевета од 400 милиони долари против Лајвли (37), Рејнолдс (48) и Њујорк Тајмс, кој објави опширна статија за нејзините тврдења.

Бара отштета од 250 милиони долари: Џастин Балдони го тужи „Њујорк тајмс“ за написот во кој Блејк Лајвли го обвини за „одмаздничка кампања“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот