Рај на земјата во кој се прашувате ДАЛИ СУМ ЈАС ЗА РУЧЕК?

Profimedia

И денес постојат места на светот каде што можете да станете нечиј ручек, но не оброк на тигрите и лавовите, туку на човекојадците на кои тоа им е дел од традицијата. Понекогаш одредени делови од телото се подготвуваат брзо или споро печени и се сметаат за вистински деликатес, а посебни рецепти се поврзуваат со дополнителна сила, долговечност или здравје.

Меѓу последните човекојадци се и припадниците на племето Дани, кои живеат скоро изолирани од светот во Индонезија.

Според традиционалните верувања, оној кој ќе го изеде срцето на непријателот ќе ја преземе неговата сила и виталност. Срцето на ловецот е особено ценето, како и мозокот на мудрите луѓе и нозете на тркачите кои даваат брзина.

Profimedia

Жените кои изгубиле член од семејството во знак на жалост ги сечат врвовите на прстите, но новиот индонезиски закон им го забранува тоа.

Дани имаат најчесто договорени бракови, а свадбените свечености се одржуваат само на значајни датуми или празници. Мажот на семејството на идната сопруга дава мираз – 4-5 свињи.

Не користат сол, бибер ни други зачини. Се препорачува свињата да се намачка со нејзината крв пред да се пече. Сите состојки не се мијат.

Жените готвачки не смеат да јадат месо.

Profimedia

Уловениот дивеч смеат да го јадат само мажите.

Познати се по својата гостољубивост и иако не зборуваат странски јазици, се обидуваат да се разберат со помош на раце и нозе и тоа најчесто многу успешно.

На племето металните орудија не му се познати, а користат само дрвен алат, лакови и стрели. Нивното село е опкружено со планини кои достигнуваат до 4500 метри. За да преживеат, садат компири и одгледуваат свињи.

Во просек се високи помалку од еден ипол метар, а нивното секојдневие се состои од ритуали кои се незамисливи за цивилизираното население.

Profimedia
Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот