Рафа Надал подготвен за големото враќање: После Божиќ патува во Австралија

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Шпанските медиуми пренесуваат дека Рафаел Надал ќе игра на грен слем турнирот „Австралија опен“.

Шпанскиот тенисер Надал пред неколку недели доби зелено светло од докторот да почне нормално да тренира, иако лично не кажа кога точно ќе почне да игра. Во меѓувреме, неколку пати се огласи директорот на „Австралија опен“, Крег Тајли, кој рече дека верува дека Надал ќе игра на турнирот што го освои минатата година.

Сега шпанското радио „Кадена СЕР“ информира дека поранешниот број еден ќе отпатува за Австралија веднаш по Божиќ на 25 декември, каде ќе ги продолжи подготовките. Додаваат дека таму ќе одигра и подготвителен турнир.

Исто така, шпанското радио вели дека Надал наскоро ќе отпатува за Кувајт, каде има филијала на својата академија и каде ќе ги продолжи подготовките за враќање на терените. Потоа, накратко ќе се врати во Мајорка, од каде ќе замине за Австралија.

Во меѓувреме, Надал доживеа голем пад на АТП листата, моментно е дури на 663 место. Шпанецот во кариерата има 22 грен слем титули, додека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до 24 со три освоени грен слем титули во штотуку завршената сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот