Радовишанец продал роднина за 1.600 евра

Јавното обвинителство започна истрага против двајца македонски државјани, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете.

Според ОЈО, во април годинава, во радовишкото село Бучим, првоосомничениот, кој е малолетник, на сила, со измама и присилба, искористувајќи ја немоќта на жртвата, ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на присилен брак.

Тој, заедно со второсомничениот кој знаел за возраста на девојчето, претходно се договориле за сума од 1.600 евра да му ја донесе својата роднина.

„На 17 минатиот месец, првоосомничениот го земал девојчето и го однел на договореното место каде второосомничениот ја исплатил побараната сума и го повел со себе девојчето кое пружало отпор при што врз него употребил физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба. Девојчето искористило момент и избегало, по што се јавило на домашните со кои подоцна го пријавила настанот во ПС Радовиш.
Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за двете осомничени лица. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и со Решение за едниот осомничен изрече мерка притвор во траење од 30 дена, додека за малолетникот се изречени мерки на претпазливост од страна на судијата за малолетници“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот