Радев го задолжи Димитар Главчев во рок од седум дена да предложи состав на привремена влада

Претседателот на Бугарија Румен Радев го задолжи кандидатот за привремен премиер Димитар Главчев да предложи состав на привремена влада. Овој мандат мора да се исполни во рок од седум дена, нагласи шефот на државата и изјави дека ниту директно ниту индиректно нема да учествува во формирањето влада.

Радев истакна и дека смета дека мандатот треба да се исполни во рок од седум дена, имајќи ја предвид желбата на граѓаните за зголемена излезност на гласачите и да не се брзаат на гласање во рок од недела или две, а да се заштедат пари со усогласување на вонредните парламентарни избори и изборите за Европскиот парламент, пренесува МИА.

„Ќе презентирам состав на влада подеднакво оддалечен од сите политички сили – од експерти, неизвалкани, некорумпирани и со добар глас во општеството. Ова го изјави кандидатот за привремен премиер Димитар Главчев откако претседателот Румен Радев го задолжи да предложи состав на привремена влада. Сигурен сум дека има такви луѓе во ресорите и министерствата кои можат да ги преземат овие функции“ изјавил Радев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот