Радев гласаше во вториот круг од локалните избори: Да гласаме масовно за иднината на секое населено место

Румен Радев, претседател на Бугарија /Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Гласав за достоинствена иднина на Софија и за достоинствено управување со нашиот главен град, изјави бугарскиот претседател Румен Радев по остварувањето на своето избирачко право на вториот круг од локалните избори во Бугарија.

„Денеска сакам да ги повикам сите граѓани да не дозволат на кој било начин да бидат изолирани од изборниот процес, напротив – мора да гласаме масовно, бидејќи нашата сопствена иднина, иднината на нашето населено место и на Бугарија зависи од сечиј глас“, рече шефот на државата.

Запрашан за барањето на бугарскиот премиер Николај Денков за оставка од првиот човек на ДАНС (Државна агенција за национална безбедност), Радев рече: „Денес сите го дефинираме лицето на локалната власт и нашата иднина, затоа не смееме да дозволиме да се замени фокусот на јавноста. Утре има време и за овие прашања“.

Бугарскиот претседател изрази надеж дека по овие избори ќе се направи темелна анализа на се што се случи за да не се повтори во иднина.

„Сите одговорни институции со посветеност на овие избори мора да направат многу длабока анализа, многу јасен извештај и да видат каде тргнале работите наопаку за да има толку мал одзив на гласачите денеска“, посочи тој.

Радев ги повика институциите да направат се за да се врати довербата на изборите, вклучително и во машинското глаање.

„Ова е исклучително важно, бидејќи машините ја докажаа својата ефикасност во борбата против неважечкиот глас и грдото полнење – каде свесно, каде несвесно кршење на изборните протоколи“, додаде тој.

Шефот на бугарската држава посочи дека очигледно треба да има промени во изборното законодавство.

„Но, погледнете, не секој парламент може постојано да се занимава со промени во изборното законодавство. Ова ја збунува и изборната администрација, подготовката на луѓето во оваа администрација, во крајна линија ги збунува гласачите“, рече тој и додаде дека промени треба да има, но тие да бидат јасно насочени кон разјаснување на изборниот процес.

Радев упати апел до сите институции вклучени во изборите и до изборната администрација со зборовите „да направат се што е потребно за да има разјаснување, гарантирајќи ја чесноста на гласот преку правилно пребројување на секој глас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот