Работниците на општина Звечан и денеска се пред зградата, присутен е и КФОР

Фото: Косово онлајн

Работниците на општина Звечан утрово во 7 часот дојдоа пред зградата каде во книгата за евиденција се потпишаа дека и денеска се присутни на своите работни места.
Зградата на општината е опкружена со бодликава жица и кордон на КФОР.

Според известувачот на Косово онлајн, ноќта во Звечан поминала мирно, а таква е моменталната состојба.

Покрај општинските работници, пред бодликавата жица и металната ограда поставена од војниците на КФОР полека се собираат и други граѓани, каде денеска ќе го продолжат својот мирен протест барајќи исполнување на нивните барања.

Припадниците на КФОР денеска се и на влезот во Звечан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот