Работнички се засилува со фудбалер од Уганда

Фото: Тwitter/ Brian Kawalya

Како што стојат работите, поранешниот македонски шампион, Работнички ќе се засили со фудбалер од Уганда. Ново име во таборот на клубот од Дебар Маало треба да биде Шафик Кагиму, пренесуваат неколку африкански медиуми.

Во прашање е репрезентативец на Уганда кој од 2017-та година до денес забележа 18 настапи за оваа национална селекција. Во редовите на Работнички пристигнува од Кенија од редовите на Гор Махиа каде што досега настапуваше.

Кагиму нема да биде првиот фудбалер од Уганда во македонскиот фудбал затоа што во Брегалница настапува неговиот сонародник, Халид Ливалива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот