
Работнички му се реваншираше на Пелистер во полуфиналниот плеј-оф
Во вториот натпревар од полуфиналето во плеј-офот на Првата македоска кошаркарска лига во СРЦ „Кале“ – Скопје екипата на Работнички триумфираше над Пелистер со 75:69 за израмнување на 1:1 во серијата.
Препорачано
Работнички во првите 10 минути стекна водство (27:18), клубот од Битола постојано се обидуваше да дојде до резултатски егал, иако тоа го правеше недоволно безуспешно. Освен во последните неколку минути од вториот период од играта во која во два наврати успеа да израмни. Прво на 33:33, потоа и на 35:35. Но, до крајот на првото полувреме Работнички направи серија од 8:0 за позитива од 43:35.
По паузата Пелистер се доближи на половина од таа негатива (53:50), а по третата четвртина Работнички водеше со 62:57. Во последниот период од овој полуфинален дуел, по тројката на Маслинко, гостите од Битола дојдоа до само два поени негатива (62:64). Рикиќ и Стајиќ го одбија тој напад кој дојде од гостите, го донесоа својот тим до 70:64.
Уште еднаш се закани Маслинко, кој го донесе својот тим во само „еден посед“ негатива (68:70), кога останаа да се доиграат нешто повеќе од три минути. Но, се чини дека тројката за победа дојде од Трајс, на 01:12 мин. пред крајот на мечот, кога го донесе Работнички до „плус шест“, (75:69). И тогаш недостижно за „пелистерци“ кои сега имаат два натпревари пред својата публика во Битола.
Во редовите на Работнички Рикиќ дојде до „дабл-дабл“ учинок од 22 поени и 14 скокови, Стајиќ постигна 15 поени (шест скока, четири асистенции), додека по 10 поени реализираа Трајс и Декоузи. Планиниќ заврши со 22 коша и седум скокови, и беше единствениот кај Пелистер со двоцифрен број на поени.