Работењето на нафтоводот „Дружба“ вратен во нормала

Фото Архива

Полскиот оператор на нафтоводот ПЕРН (PERN) денеска соопшти дека е обновено пумпањето сурова нафта во оштетениот нафтовод „Дружба”.

„Денеска техничките служби на ПЕРН ја вратија целосната функционалност на оштетениот нафтовод што се користи за испорака на сурова нафта до германските клиенти”, се наведува во соопштението на ПЕРН, пренесено од Радио Слободна Европа.

Протекувањето беше откриено на 11 октомври, а ПЕРН следниот ден соопшти дека нема знаци дека штетата е предизвикана од саботажа на трета страна.

„Се истражуваат причините кои довеле до истекувањето. Во моментов активноста на службите на ПЕРН е насочена кон расчистување на просторот и негово враќање во првобитната состојба”, се наведува во соопштението.

Нафтоводот „Дружба” е најдолгиот цевковод во Европа и светот, долг повеќе од 4.000 километри. Неговиот почеток е во Татарстан, во Русија, а крајот е во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот