Психолог открива: Паровите кои можат да одговорат на овие пет прашања се најсреќни

Повеќето парови мислат дека добро се познаваат, но вистинската блискост е многу повеќе од набројувањето на омилената храна или ТВ емисии на вашиот партнер. Психологот Марк Траверс открива дека луѓето во најсреќните и најуспешните врски во својот партнер го гледаат она што другите не можат.

„Ако можете да одговорите на овие пет прашања за вашиот партнер, вашата врска се заснова на ретко ниво на разбирање и поврзаност. А ако не ги знаете одговорите? Тоа е совршена можност да започнете да ги откривате“, вели таа.

Кој мал, навидум безначаен момент оставил траен впечаток врз него/неа?

Сите ги имаме тие мали моменти кои засекогаш остануваат врежани во нашата меморија – реплика што ни ја кажала професорката од средно училиште, комплимент од странец или ситно одбивање кое сепак малку боли.

Настаните како овие можеби изгледаат безначајни во поширок контекст, но тие често го обликуваат начинот на кој се гледаме себеси. Ако знаете барем еден таков детал од животот на вашиот партнер, тоа значи дека сте имале длабоки разговори кои откриваат невидливи нишки од неговата личност.

Како бегаат од размислување кога се под стрес

Кога животот станува хаотичен, секој има свој начин ментално да избега од реалноста. Некои луѓе сонуваат да ја напуштат работата и да се преселат на пуст остров. Други прелистуваат огласи за недвижности во градови во кои никогаш нема да одат или замислуваат алтернативни верзии на нивниот живот.

Ова не е само чудна навика – тоа е увид во тоа како вашиот партнер го обработува стресот. Ако го знаете одговорот, тоа значи дека го разбирате неговиот внатрешен свет, а таква блискост е ретка.

Какви социјални ситуации потајно ги исцрпуваат но никогаш не го признаваат тоа

Сите имаме ситуации во кои не се чувствуваме удобно. Можеби вашиот партнер не сака муабети на забави или не му е удобно да нарача храна во поголема група.

Разбирањето за тоа што го прави вашиот партнер да се чувствува непријатно, ви овозможува да му дадете поддршка во моменти кога инаку само би се преправале дека се е во ред. Тоа е знак дека сте доволно внимателни за да забележите и најмалите промени во неговото расположение – нешто што повеќето луѓе не го забележуваат.

Која навика ја наследивте од родителите од која би сакале да се ослободите?

Сите ние несвесно носиме дел од нашето семејно наследство – понекогаш добри, понекогаш лоши навики. Можеби вашиот партнер има проблем да прифати комплименти затоа што никогаш не ги примал како дете.

Ако знаете од каква навика сака да се ослободи, тоа значи дека сте имале искрени и ранливи разговори за неговото воспитување и семејството. Ова се детали што повеќето луѓе никогаш не ги знаат, или едноставно не сакаат да ги знаат.

На кој момент навистина се гордееше, но никогаш не се пофали со тоа?

Сите имаме достигнувања со кои тивко се гордееме, но не ги споделуваме со светот.

Можеби вашиот партнер некогаш помогнал на странец на начин кој го променил неговиот живот или поминал низ тежок период поврзан со здравјето, семејството или финансиите – без никој да знае за тоа.

Ако вие сте личноста на која и ги доверува овие приказни, тоа значи дека се чувствува доволно безбедно со вас за да ги сподели своите најскромни, но најважни победи. А таквата доверба е непроценлива во врската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот