Против Турција во клучна битка за пласман на Европското првенство

Во првиот натпревар од првиот квалификациски турнир во Скопје за пласман на Европското првенство во септември годинава најдобрите македонски одбојкари остварија тешка победа над Босна и Херцеговина со 3:1.

После тој меч капитенот Никока Ѓоргиев истакна дека треба да се подобрат многу елементи во играта, но верува дека против Турција ќе биде полесно.

Турците исто така започнаа со триумф, и тие беа подобри од Босанците, но со максимални 3:0. Без оглед што објективно Турците се фаворити, натпреварот со нив е наша шанса за да се доближиме до континенталниот собир.

Денешниот натпревар помеѓу Македонија и Турција во салата „Борис Трајковски“ ќе се игра од 18.00 часот. Пласман на ЕП ќе обезбедат сите победници од квалификациските групи, како и пет најдобро второпласирани репрезентации.

Утре ќе стартува и вториот квалифиакциски турнир кој исто така ќе се одржи во нашиот главен град. Од 18.00 часот ќе играме против Босанците, а во истиот термин в сабота уште една клучна битка со Турција.

Квалификации за ЕП 2021

Група „Ц“

Денеска, 18.00 часот Македонија-Турција

Табела: Турција 3 бодови (3:0), Македонија 3 бодови (3:1), Босна и Херцеговина 0 бодови (1:6).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот