Протести во Либија: Демонстрантите го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази (ВИДЕО)

Фото: ScreenShot/Twitter

Демонстрантите денеска го запалија седиштето на паралелната влада во Бенгази, вториот по големина град во Либија, каде е направена значителна материјална штета, соопштија извори блиски до безбедносните сили.

Група демонстранти рано утрово го нападна Советот на министри, подметнаа пожар и побегнаа, изјави извор близок до Министерството за внатрешни работи на паралелната влада во Либија.

Полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на местото и го изгаснале пожарот, во кој е уништен главниот влез на зградата.

Либија се наоѓа во целосен хаос од 2011 година, кога долгогодишниот лидер Моамер ел-Гадафи беше симнат од власт и набрзо потоа убиен.

Либија од 2015 година е поделена меѓу двете ривалски влади, бунтовничката на истокот од земјата и меѓународно признатата во Триполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот