Протести во Израел – се бара оставка од премиерот

epa11252151 Family members and supporters of Israeli hostages held by Hamas in Gaza hold signs and Israeli flags during a protest

Оставка од премиерската функција на Бенјамин Нетанјаху бараат илјадници Израелци кои излегоа на протести во неколку градови.

Демонстрантите во Тел Авив побараа предвремени избори и ослободување на преостанатите заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа.

epa11252000 Family members and supporters of Israeli hostages held by Hamas in Gaza hold a sign reaading ‘Deal now!’

Се протестира и во Ерусалим и Хаифа.

Жена која се ослободи од заробеништво но и чиј сопруг сè уште е заложник од Хамас, им се обрати на демонстрантите во Тел Авив, велејќи му на Нетанјаху: „Прати ги дома!“

epa11251861

Таа побара од израелскиот премиер да му даде „широк мандат“ на преговарачкиот тим да преговара за ослободување на преостанатите заложници во замена за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на палестинските затвореници.

„Не доаѓајте дома без договор, вратете ги нашите најблиски“, рече таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот