Протест: Правда за Викторија/Фото: Скриншот

Протест пред Кривичен за Викторија: Ние патиме, а губиме и човек и правдина и надеж

Семејството и блиски на младата Викторија Николова протестираа денеска пред Кривичниот суд во Скопје против пресудата со која возачот Јордан Ѓорѓиев доби само тригодишна казна затвор. Како и на протестот на 30-ти јануари,  на местото каде загина Викторија, кај Сити мол така и денеска тие носеа црни маички со нејзиниот лик и транспаренти со пораки „ Правда за Викторија“ и „Еден живот овде вреди признание на вина“.

-Овој протест е уште еден кренат глас до ова судство, до оваа неправдина која не боли до коска и пресудата на судијката Љубинка Бошевска. Како да не сме луѓе, како да не нема. Како да се кријат во удобните фотељи, а трњата ние ни газиме. Ние патиме, а губиме и човек и правдина и надеж“, рече Лилјана Николова, сестра на загинатата Викторија.

На протестот адвокатот Владимир Михајловиќ, нагласи дека е неправда добивање казна под законскиот минимум за обвинителен акт каде што делото се карактеризира како дело сторено со умисла, а казната е од 4 до 20 години.

-Вештачењето од сообраќајката кај Сити Мол покажа нула проценти придонес на пешаците за фаталниот исход и затоа казната е нерелевантна. Од апелација очекуваме повисока казна во рамки на законот. Бараме правдина и реална казна, она што следува по закон. Целата постапка беше во мирен процес така и ќе продолжиме затоа апелираме до Апелација реална казна, а не обвинетиот одеднаш да стане жртва,  изјави Владимир Михајловиќ, адвокат на семејството Николови.

Со реакција по најавениот протест се јави и Кривичниот суд од каде соопштија дека претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен суд – Скопје.

-Ниеден загубен човечки живот не може да биде надомесетен со било каква судска пресуда, па заради тоа и судот изразува сочуство до семјеството.Но, како што веќе наведовме, судот е должен да се води од Законските ограничувања за одмерување на казната, соопшти Кривичен суд.

Обвинителството се жали на пресудата за сообраќајката кај „Сити мол“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот