Протест на Израел поради изјавата на Лавров дека и Хитлер има еврејско потекло

Јаир Лапид/Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид денеска го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека го споредил украинскиот претседател Володимир Зеленски со Адолф Хитлер, нарекувајќи ја изјавата „непростлива, срамна и историска грешка”.

Лапид рече дека очекува извинување и најави дека ќе го покани рускиот амбасадор во Тел Авив да го изрази својот протест, пренесоа израелските медиуми.

„Да се ​​каже дека Хитлер бил Евреин е исто како да се каже дека Евреите сами се убивале. Нацистите ги прогонувале Евреите, само нацистите биле нацисти и само нацистите го иницирале систематското уништување на еврејскиот народ”, рече Лапид.

Дани Дајан, претседател на Меморијалниот центар на холокаустот во Јад Вашем, Ерусалим, исто така, ги критикуваше изјавите на Лавров, нарекувајќи ги „опасни и за осуда” и рече дека Лавров „ги претвори жртвите во криминалци, врз основа на целосно лажно тврдење дека Хитлер бил Евреин”.

Тој исто така рече дека е против тоа Украинците да се нарекуваат нацисти бидејќи „тоа го искривува терминот и им штети на жртвите на нацизмот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот