Лавров: Зеленски е Евреин, но тоа не ги негира нацистичките елементи во Украина, и Хитлер имал еврејска крв

Сергеј Лавров
Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за италијанска телевизија ја нападна Украина и нејзиниот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека „фактот дека тој е Евреин не ги негира нацистичките елементи во неговата земја“.

„Верувам дека и Адолф Хитлер имал еврејска крв во себе“, додаде Лавров.

Зеленски може да се залага за мир ако престане да дава наредби на своите нацистички сили кои се граничат со криминал, додаде рускиот министер за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот