Протест на хрватските новинари поради новиот Закон за медиуми

Хрватското новинарско здружение (ХНД) денеска организираше протестни маршеви во Загреб и во Сплит поради новиот Закон за медиуми, кој предвидува казнување на лицата кои даваат информнации од истрагите.

Според актуелниот предлог за измени на Кривичниот законик неовластеното објавување на содржината на истражното или доказното дејствие во фаза на истражна постапка станува кривично дело.

– ХНД бара „lex AP“, законот за опасни намери, односно членот 307а да се отфрли во целост. Не се откажуваме од тоа. Верувајте ни, нема да ни биде напор да дојдеме повторно овде ако не дојдете, истакна претседателот на ХНД, Хрвое Зовко.

Премиерот Андреј Пленковиќ и министерот за правда Иван Маленица вчера најавија дека на второто читање на измените на законот, Владата ќе додаде одредба за неможност за казнување доколку се работи за информации објавени од главен јавен интерес.

– Вчерашната парада со промени во пет до 12 не е ништо друго туку евтин политички трик, со кој Пленковиќ и власта се обидоа да го побијат аргументот на оправдани критики од новинарите и од сите на кои им е важно што живееме во фер и праведно општество, посочи Зовко.

Иако според овој закон новинарите не можат да бидат казнети, Зовко предупреди дека новинарите сепак ќе можат да бидат малтретирани.

– Ако се замолчат свиркачите, граѓаните никогаш нема да дознаат за некои криминални дела, наведе Зовко.

Претседателката на Европската федерација на новинари и на Синдикатот на хрватските новинари, Маја Север изјави дека е неприфатлива „ароганцијата и цинизмот со кој претставниците на оваа власт се однесуваат кон професијата, новинарството, јавниот интерес и граѓаните“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот