Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Просечната кирија во Загреб и Сплит надминува 900 евра
Цените на кириите за станови во Хрватска бележат значителен раст во сите поголеми студентски центри, пренесува Индекс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Особено високи се цените во Загреб и Сплит, каде што просечната месечна кирија веќе надминува 900 евра, додека најголем раст е забележан во Осиек – дури 20 проценти во однос на минатата година.
Според податоците за првите седум месеци од 2025 година, моментално се достапни повеќе од 13.000 станови за изнајмување низ земјата. Еве ги просечните цени на кириите во некои од главните градови: Загреб – 923 евра, Сплит – 904 евра, Ријека – 763 евра и Осиек – 487 евра.
Во Загреб, просечната цена на изнајмување пораснала од 867 евра во 2024 година на 923 евра во 2025 година. Најскапи квартови остануваат Граѓански Град – Медвешчак и Подсљеме, каде што просечната кирија оваа година достигнува 1409 евра. Овие зони, освен што се најскапи, се и најзастапени на огласите и имаат најголема просечна квадратура на станови.
Загребските станови за изнајмување во просек имаат површина од 77 квадратни метри, што е за 6 квадрати повеќе отколку во 2024 година.
Овие трендови укажуваат на зголемена побарувачка и инфлациски притисоци на пазарот за изнајмување, особено во урбаните и студентските средини, што претставува дополнителен предизвик за младите и студентите кои бараат пристапно сместување.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5