
Пронајдени телата на бабата и нејзината внука, кои беа киднапирани по нападот во Газа
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека две заложнички, киднапирани од Хамас на 7 октомври, се пронајдени мртви.
Препорачано
We are devastated to announce that Noya and her grandmother Carmela’s bodies were discovered yesterday.
Thank you to all of you who shared her story to help us bring her home.
Our hearts are broken ?. https://t.co/1I9r4fibsP
— Israel ישראל ?? (@Israel) October 19, 2023
Кармела Дан (80) и нејзината 12-годишна аутистична внука Ноја Дан биле киднапирани во Кибуц Нир Оз. Израел не соопштил каде се пронајдени телата.
Оваа тажна вест ја објавија на социјалната мрежа Х.
„Со тага објавуваме дека вчера беа откриени телата на Ноа и нејзината баба Кармела. Ви благодариме на сите што ја споделивте нејзината приказна за да ни помогнете да ја вратиме дома. Нашите срца се скршени“, напишаа тие.
Девојчето беше голем обожавател на Хари Потер, а веста за нејзиното исчезнување ја ретвитна и авторката на серијата книги Џ.К. Роулинг.
Kidnapping children is despicable and wholly unjustifiable. For obvious reasons, this picture has hit home with me. May Noya and all hostages taken by Hamas be returned soon, safely, to their families. https://t.co/YIbf3egib4
— J.K. Rowling (@jk_rowling) October 16, 2023
Таа потоа ги осуди нападите на Хамас, особено киднапирањето деца.
Откако Ноја и нејзината баба исчезнаа по нападот на Хамас, семејството се надеваше дека тие се киднапирани и дека ќе бидат вратени живи.
Меѓутоа, вчера семејството Дан на Фејсбук ја потврди трагичната вест дека се пронајдени телата на бабата и внуката.
Уште тројца членови на семејството Дан се водат како исчезнати.
Мајаката Галит Дан (53) била оддалечена околу 10 километри, се криела во безбедна просторија, кога нејзината ќерка Ноја ѝ испратила гласовна порака.
„Мамо, се плашам. Луѓе се во куќата, помогни ми“, ѝ пратила ќерката.
Ноја се сокрила во мракот во куќата на нејзината баба Кармела, зборувајќи ѝ молкум на мајка си додека експлозии одекнуваа низ Кибуц Нир Оз во саботата наутро.
Ноја и нејзината баба исчезнале откако девојчето испратило панично порака до нејзината мајка, и се верува дека милитантите на Хамас ги однеле во Појасот Газа, заедно со другите 150 заложници.