Пронајден Французин кој во својата држава бил пријавен за исчезнат

Полициски службеници заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа дваесет и едногодишниот С.И. од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат.

Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци. Но, по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, на 27.09.2023 е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11.03.2023.

Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот