фото: facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial

Промовирана монографијата „Одисеја 2022“ за подвизите на младиот пливач Марко Пејчиновски

Во 2022 година младиот македонски пливачки маратонец Марко Пејчиновски на отворени води го препливување Охридското езеро за да инспирира и да докаже дека сè е возможно.

Неговата желба е секогаш да ги крева стандардите, да направи нешто поголемо, нешто потешко, да го тргне зборот „невозможно“ од речникот.

Успешно заврши 10 препливувања, последното беше на релација Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри. На празникот Голема Богородица го заврши последниот подвиг за време од 21 час и 42 минути.

Оставајќи свој траен белег во историјата на Охрид и Охридското езеро, неговиот успех е претставен преку фотографии, официјални сертификати со кои беше ратификувано секое едно од пливањата, како и видување на сите оние кои, секој на свој начин беа дел и сведочеа за подвизите на Марко, се овековечија во монографија „Одисеја 2022“ која во Fort Cafe ја доживеа и својата промоција.

Марко Пејчиновски ја оствари целта, 10 препливувања, 250 километри/фото: Принтскрин/facebook.com/MarkoPejchinovskiOfficial/

Ова дело има за цел неверојатниот подвиг на Марко Пејчиновски, со препливани 250 километри долж Охридското езеро, не само да остави траен белег во историјата на Охрид и Македонија, туку и да инспирира и мотивира, да не натера да веруваме и никогаш да не се откажуваме.

Монографијата „Одисеја 2022“ можете да ја преземете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!