Промена во Челзи: Пристигна нов тенхички директор

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во Челзи продолжуваат промените, а денес е потврдено дека нов технички директор на клубот ќе биде Лоренс Стјуарт, тој ќе биде одговорен за фудбалските прашања во клубот.

Во фудбалскиот свет Стјуарт е добро познат спортски работник, зад себе во кариерата беше дел од Монако, Манчестер Сити, Евертон и репрезентацијата на Англија.

„Среќен сум што доаѓам во Челзи и импресиониран сум од визијата на клубот под раководство на новите сопственици. Сакам да му помогнам на Челзи да изгради глобална спортска организација“, изјави на претставувањето.

Пред да дојде во Челзи, тој беше во Монако, а „сините“ јавно се заблагодарија на францускиот тим што го ослободил да се врати во Англија. Сепак, треба да се знае дека до крајот на зимскиот преоден рок тој ќе работи во Монако, а потоа ќе дојде во Челзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот