Фото: Е-учебници / МОН

Проф. Саздов: Веднаш да се повлече учебникот по Македонски јазик за седмо одделение

Македонскиот јазик, еден од темелите на националниот идентитет, е сведен на маргините – предупредува д-р Симон Саздов, редовен професор на Катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет. Во разговор за „Рацин“, тој остро реагира на новите учебници, посочувајќи дека дел од нив се катастрофално изработени, со бројни грешки и со содржини кои не можат да им помогнат на наставниците и учениците во образовниот процес.

„Учебникот по Македонски јазик за седмо одделение треба итно да се повлече, без разлика колку тоа да звучи неверојатно. Во него има повеќе неточни отколку точни работи. Буквално грешка до грешка од областа на лингвистиката. Основни работи не ѝ се јасни на авторката“, вели Саздов, додавајќи дека е „вистинско чудо“ ако наставниците воопшто можат да работат по ваков материјал.

Според професорот, учебникот содржи низа фрапантни пропусти.

„Во синтаксичка анализа на реченица, стои дека атрибут е предлошки предмет. Во примерот ‘сладолед од чоколадо’ анализата вели дека е ‘предлошки предмет од ванила’. Тоа е апсурдно,“ објаснува тој.

Друг пример е целата лекција за едначење по звучност, која е неточна.

„Авторката ја пренела наставната програма погрешно – наместо отстапки од бележењето на едначење, таа пишува за отстапки од самото едначење, што не постои. Врз таа основа целата лекција е неточна.“

Во учебникот, додава професорот, може да се најдат и илустрации од типот „една жаба, две жаби“ во категорија „број на именки“ – нешто што го сведува материјалот на примитивно ниво, далеку под потребното за таа возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот