Проектот „Простор за разговор“ ќе иницира уметнички активизам за подигнување на свеста

Културниот центар „Интерарт“ во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, го започна проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ со кој, преку уметнички активизам сака да ја подигне свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените.

Проектот се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии ќе бидат отсликани преку современ танцов перформанс. Директорот на „Интерарт“, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот, смета дека е „важно да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“.

– Преку овој проект сакам да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем, да создадеме едно похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Сакам преку уметнички активизам да придонесам во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Многу сум благодарна до сите учесници во проектот, до Швајцарската амбасада, која го препозна и го поддржа проектот, како и до сите наши партнери во Скопје и низ градовите во земјава, каде ќе се одржуваат настаните на проектот“ – вели Рисима Рисимкин, една од водечките македонски кореографи и деканка на Филмската академија и Катедрата за современ танц при универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Проектот својот прв „Простор за разговор“ ќе го има на 26 ноември, во објектот „Мала станица“ на Националната галерија, со цел да се одбележи светскиот ден на ненасилство врз жените. Со тоа почнува серијата настани на „Dancing (Talking) Table“ во која ќе биде изведен перформанс на темата, а потоа ќе има и тркалезна маса, на која ќе се дискутира за проблемите. На настанот ќе бидат поканети социолози, активисти и други личности, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост, воедно ќе се споделуваат и искуствата.

Проектот во текот на пролетта 2023 година ќе патува низ десетина градови во земјава со цел да се поттикнат активностите и свесноста на што поголема територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот