Продолжува потрагата по исчезнатите во бродската несреќа кај Лезбос

Лезбос, Грција EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Спасувачката акција за пронаоѓање на исчезнати 12 членови на екипажот од бродот што во неделата потона во морската област југозападно од Лезбос продолжуваат и денеска, 48 часа по несреќата во која, едно лице беше пронајдено живо и излечено безживотното тело на еден морнар, додека пак грчките медиуми пишуваат дека станува збор за брод со проблематично минато.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, денешната потрага се одвива под тешки временските услови поради силниот ветер, а вклучени се три брода на крајбрежната служба, еден брод на воената морнарица и еден на НАТО, додека пак рано утрово учествувал и хеликоптер на Фронтекс.

Единствениот преживеан, 40-годишен египетски морнар, според истите информации, и понатаму е во болницата на Лезбос и е во добра здравствена состојба.

Весникот „Катимерини“ пишува дека товарниот брод „Раптор“ имал „проблематично минато“ и во изминатите две години бил на црните листи на меѓународните органи за контрола.

-Дополнително, се наоѓа меѓу десетте „wanted“ бродови, односно оние кои се бараат и се објавени во меѓународната база на податоци shiparrested.com. Бродот бил на црната листа од меѓународните органи за контрола (Paris M.O.U. и Black Sea M.O.U.) бидејќи при проверка биле констатирани вкупно 65 сериозни неправилности и недостатоци во документи, спасувачка опрема и сл., пишува „Катимерини“.

Товарниот брод „Раптор“ пловел под знамето на Комори, пренесувал сол, а тргнал од Египет со крајна дестинација Истанбул, меѓутоа, како што пишува грчкиот весник, единствениот преживеан рекол дека бродот требал да стигне во Украина, а не во Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот